Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Митревски и Порто не успеаа да го изненадат ПСЖ

Објавено

на

Порто на нашиот репрезентативец Никола Митревски продолжи да реди неуспеси во Лигата на шампионите, па по вечерашниот пораз од Пари Сен Жермен (32-30) има учинок 0-6 во елитното натпреварување.

Португалскиот претставник одигра рамноправно прво полувреме во кое на му дозволи на противникот сериозно да се одлепи (17-15), но во вториот дел „светците“ го диктираа темпото, резултатот, водеа и со плус седум за да на крајот дојде до опуштање кое гостите го искористија за да се изборат за поблаг пораз во Франција.

Митревски забележа 6 одбрани на овој меч. Предводник на ПСЖ беше Пранди со 11 гола, додека Турин реализираше шестпати за Порто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни