Поврзете се со нас

АБА лига

Мираковски: Секој меч е различна приказна, добивме повеќе опции кога…

Објавено

на

Екипата на Работнички ја запиша втората победа во АБА2 лигата и тоа во дуелот со Ловќен кој го доби со 5 разлика (82-77)

Македонскиот прволигаш доби три од четирите четвртини во своја корист, го контролираше резултатот во најголем дел од мечот и сосема заслужено прокнижи триумф на „балонот“ во Златибор.

Тренерот Димитар Мираковски е свесен дека темпото е напорно и оти постои одреден замор поради кој се прават грешки, но воедно е задоволен што неговите избраници успеале да пронајдат други алтернативи во нападот во ситуација која не одеше шутот за три поени.

-Играчите влегоа на натпреварот со став дека ќе биде исто како на претходната средба, ќе се расшутираме со тројки и ќе биде 15,20 разлика, меѓутоа секој натпревар е различна приказна за себе. Се виде недостаток на енергија кај двете екипи. Ако не погодуваме мораме да најдеме нов начин на играње, како да ја спуштаме доле топката, како повеќе да ја движиме . Кога тоа играчите го разбраа, почна полесно да оди топката и добивме повеќе опции во нападот.

-Ќе повторам се виде недостаток на енерија кај двата состави, имаше многу грешки, но мора да го сфатиме тоа ние тренерите дека тоа е ритамот на играње, на секој втор ден. Немавме ни 40 часа од последниот натпревар и беше навистина тешко,-рече Мираковски кој проговори и за последниот меч во Златибор против Младост.

-Најважно е да одмориме добро, повторно главните играчи имаат преголема минутажа, над 30 минути, планот не ми беше таков. Сепак сега имаме малку повеќе одмор, дури играме во понеделник. Младост е брза, полетна екипа, наметнуваат висок ритам на игра и ќе мораме да внимаваме, -заврши стратегот на центарци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни