Поврзете се со нас

Свет

Миовски си постави навистина голема цел по новиот блесок во Шкотска

Објавено

на

Бојан Миовски постигна два гола во победата која ја оствари Абердин над Килмарнок и продолжи онаму кадешто застана пред репрезентативната пауза, односно само потврди дека е откровение на сезеоната во Шкотска.

Македонскиот репрезентативец стигна до седмиот гол во Премиер лигата на Шкотска и има само еден помалку од првиот стрелец Чолак од Ренџерс, но амбициите на Миовски се многу високи и тој си постави цел да бидие најдобар голгетер на крајот од сезоната.

– Моја цел е да бидам најдобар стрелец во лигата на крајот од сезоната. Секој напаѓач сонува за тоа. Кога останатите напаѓачи постигнуваат голови, тие ме тераат да играм подобро.

– Кога гледам дека напаѓачите од другите тимови постигнуваат голови, тие ме притискаат и прават да постигнувам уште повеќе. Пред да дојдам во Абердин, ми презентираа дека се игра напаѓачки фудбал и тоа за мене е перфектно. Знаев дека ќе постигнувам многу голови уште кога пристигнав тука.

– Овој стил на игра ми одговара многу повеќе од оној во претходниот тим и уживам на теренот. Беше убаво што се вратив со два гола, но можев да постигнам повеќе. Сакав да постигнам хет-трик, но патував многу со репрезентацијата измиантите денови и беше перфектно што одиграв 65 минути. Не сакам да ризикуваме со можна повреда, – вели Миовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни