Германија
„Милионерите“ донесоа одлука, Геце си оди по крајот на оваа сезона
Марио Геце по крајот на оваа натпреварувачка сезона дефинитивно си заминува од таборот на Борусија Дортмунд.
Оваа информација ја соопшти спортскиот директор Михаел Цорк кој истакна дека разговорал со офанзивецот и му соопштил дека договорот што му завршува нема да му биде продолжен.
-Во последните неколку денови имав многу добар разговор со Марио. Ние се согласивме дека нема да ја продолжиме соработката по оваа сезона. Мислам дека тоа е во најдобар интерес на двете страни. Марио е навистина добро момче и мислам дека оваа сезона тој сепак ќе биде важен за нас, -истакна Цорк.
Оваа изјава на Цорк е само потврда на она што тренерот Лусиен Фавр го истакна дека за Геце нема место во актуелната формација 3-4-3.
Геце е дете на Борусија Дортмунд, беше фантастичен во првата етапа на „Сигнал Идуна Парк“ по што замина во Баерн каде играше три сезони за да во 2016 се врати дома, меѓутоа не ги оправда очекувањата.
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства23 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…