Поврзете се со нас

Лига на нации

Мхитарјан нема да настапи за Ерменија на дуелот со македонската репрезентација

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација е фокусирана на утрешниот историски дуел со Грузија, по кој ќе биде јасно дали првпат ќе играме на едно големо натпреварување какво што е Европското првенство.

Но, без разлика на епилогот на дуелот во Тбилиси, избраниците на Игор Ангеловски ќе треба да одиграат уште две средби наредниот период, а втората и последна е таа со Ерменија.

Денеска стана јасно дека Ерменците повторно ќе бидат без својот најдобар фудбалер Хенрик Мхитарјан, кој се наоѓа во одлична форма, но не доби зелено светло да го напушти Рим среде корона кризата.

Во составот на Рома има повеќе фудбалери заразени со коронавирусот, па италијанскиот клуб испратил барање до федерацијата да го ослободи Мхитарјан од обврските кон националниот тим.

Со ова станува јасно дека капитенот на Ерменците нема да игра на средбата во , а која е дел од новата сезона на Лигата на нации и исто така има големо значење за нашата репрезентација. Три дена претходно, Ерменците ќе имаат уште еден тежок дуел против Грузија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни