Поврзете се со нас

Светски првенства

Меси стана фотограф, Дибала му се изнасмеа (ВИДЕО)

Објавено

на

Јужноамериканското дерби меѓу Бразил и Аргентина заврши по само неколку минути и тоа откако на теренот влетаа домашните власти.

Причината за тоа е што четворица аргентински фудбалери не ги испочитувале правилата и не заминале во 14 дневен карантин кој е задолжителен за сите лица кои доаѓаат од Велика Британија, а Џовани Ло Селсо, Емилијано Мартинез, Емилијано Буандија и Кристијан Ромеро дојдоа оттаму затоа што настапуваат за Тотенхем и Астон Вила.

Мечот не продолжи и сега ФИФА ќе треба да донесе одлука за тоа како ќе го регистрира истиот и дали некоја од репрезентациите ќе заработи казна. Додека траеше таа збрка на теренот, Аргентинеците во еден момент се повлекоа во соблекувалните, а потоа капитенот Лионел Меси излезе без дрес, односно со елече наменто за луѓето задолжени за фотографии.

Ова го забележа Пауло Дибала и се изнасмеа, му фати сеир на сонародникот во таа ситуација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни