Поврзете се со нас

Франција

Меси изведе перфектен слободен удар, Шмајхел остана стаписан на голот (Видео)

Објавено

на

Дидие Дешамп побара од Кристоф Галтие повеќе да го одомора Килијан Мбапе и да го дозира пред Светското првенство, желба која тренерот на ПСЖ експресно му ја исполни на францускиот селектор.

Мбапе доби поштеда и не се најде во стартната постава на ПСЖ вечерва во Лига 1, но и покрај тоа, „светците“ имаа преднот од 1:0 по 45 минути игра.

Најзаслужен за тоа е Лионел Меси, кој одновно демонстрираше дека во моментов е убедливо најдобар изведувач на слободни удари, бидејќи погоди пефектно против Ница.

Аргентинецот сам се избори за прекршок на 20 метри од голот, а потоа испрати перфектен удар со лево, по кој Каспер Шмајхел остана стаписан на гол линијата.

За Меси, ова е втор гол од слободен удар оваа седмица, бидејќи претходно погоди од прекин и за Аргентина на мечот против Јамајка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни