Поврзете се со нас

Боречки спортови

МекГрегор го промени имиџот и ги зачуди фановите: Изгледа непрепознатливо (Фото)

Објавено

на

Конор МекГрегор одлучи се да се преправи во пилот по повод „Халоуин“ и покажа како си поминал со своето семејство и најблиските за време на најстрашниот празник кој е популарен на Западот, но неговата голема промена на ликот е она што се најде во центарот на вниманието.

Заштитен знак за Конор е долгата брада и тој имиџ го гради со години, а бидејќи сега се прикажа во издание без брада, Ирецот дефинитивно ги зачуди своите фанови.

МекГрегор изгледа навистина непрепознатливо во вакво светло и фановите на социјалните мрежи го потенцираат токму ова, оставајќи го во втор план ликот кој го имитираше.

– Небото е граница. Летајте со мене, – порача МекГрегор.

Инаку, маската на МекГрегор е посветена на ликот Франк Абагнејл, измамникот по кој е снимен филмот „Фати ме ако можеш“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни