Поврзете се со нас

АТП

Медведев го освои првиот трофеј во 2022 година

Објавено

на

Данил Медведев триумфираше на турнирот во Лос Кабос во Мексико, што за рускиот тенисер е прв триумф на АТП турнирите во 2022 година.

Светскиот рекет број еден во финалето триумфираше против ланскиот победник Камерон Нори со 2:0 во сетови, а за Медведев ова е прв трофеј по тој освоен на Ју-Ес Опен минатата година.

Во меѓувреме Медведев загуби пет финалиња, не играше на Вимблдон, за сега да им се врати на победите, добивајќи ги двата сета со 7:5 и 6:0.

Следен предизвик за Русинот е одбрана на титулата освоена минатата година на Мастерсот во Канада (Монтреал/Торонто), како еден од важните тестови пред Ју-Ес Опен, каде исто така ќе пристигне како бранител на титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни