Поврзете се со нас

Франција

Мбапе ги шокираше фановите со еден потег на дуелот со Монпелје (Видео)

Објавено

на

Задржувањето на Килијан Мбапе сигурно е најважниот потег на ПСЖ во актуелниот преоден рок, а францускиот репрезентативец со новиот договор го заработи и статусот на најважен играч и природен лидер на составот од Париз.

Мбапе вчера беше стартер за ПСЖ на дуелот со Монпелје и немаше посакуван почеток, бидејќи не реализираше пенал за домаќините при почетните 0:0.

Сепак, неговиот тим рутински победи, а она што ги шокираше фановите е неговиот потег при една контра на ПСЖ.

Мбапе очекуваше топка на левата страна, но откако не ја доби, резигнирано застана и им го сврте грбот на соиграчите. Арогантниот однос на младиот напаѓач очекувано заработи критики, а во акцијата ПСЖ за малку ќе постигнеше гол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни