Поврзете се со нас

Светски првенства

Мартинез по неуспехот на СП: Дуелот со Мароко долго ќе ме прогонува

Објавено

на

Белгија не успеа да избори место во нокаут фазата на СП во Катар, а селекторот Роберто Мартинез експресно ја напушти репрезентацијата со која беше полуфиналист на мундијалот пред четири години.

Шпанскиот стручњак сега во најновото интервју открил детали за случувањата во Катар, демантирајќи дека имало конфликт меѓу Азар и Вертонген.

– Натпреварот со Мароко ќе ме прогонува долго, едноставно не личевме на себе.

– Нешто слично се случуваше и Канада, како да не знаевме како да победиме. Против Хрватска беше поинаку, ние создадовме најмногу шанси против оваа селекција, но нема стручњак кој ќе објасни како не дадовме гол. Милиметри одлучуваа, – вели Мартинез.

– По дуелот со Мароко им открив на фудбалерите дека ќе заминам. Сите знаеја дека дуелот со Хрватска ќе ми биде последен, иако се надевавме дека информацијата ќе ја соопштам по финалето, – вели искусниот стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни