Поврзете се со нас

Конференциска лига

Мартинез доби два жолти картони, но не беше исклучен поради правило кое малкумина го знаат (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AVFCOfficial

Емилијано Мартинез се погрижи за ново контроверзно шоу при еден пенал рулет од кој тој беше дел, но судбината посака повторно да биде клучен и да биде херој во пласманот на Астон Вила во полуфиналето на Конференциската лига.

Аргентинскиот чувар на мрежата имаше можност повторно да ги шокира француските навивачи, а овојпат тоа беа фановите на Лил со кои влезе во директна расправија за време на пенал рулетот, па дури и испраќаше и гестикулации како директни провокации.

Еми направи голема разлика такашто одбрани два удари од 11 метри во пенал рулетот, но најголемо внимание на медиумите им привлече жолтиот картон кој го доби поради расправијата со навивачите.

Имено, тоа беше втор жолт картон за Мартинез бидејќи беше опоменат во првото полувреме, а од исходот во целата ситуација се исплаши и Даглас Луиз кој притрча да бара објаснуавања од судијата.

Иако беше втора јавна опомена, тоа автоматски не значеше и црвен картон, а причина за тоа е едно фудбалско правило кое малкумина го знаат.

Според прирачникот на ФИФА и УЕФА, јавните опомени од регуларниот дел се бришат по крајот на судиското продолжение, па затоа Мартинез можеше да ризикува да добие втор жолт картон без да биде исклучен во пенал рулетот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни