Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Марсело може да го пропушти реваншот со Челси поради бизарна причина

Објавено

на

Марсело вчера беше стартер за Реал Мадрид на полуфиналната средба од Лигата на шампионите против Челси, но може да го пропушти реваншот во Лондон.

Шпанските медиуми пренесуваат навистина несекојдневна причина за такво нешто, а истата е фактот што Бразилецот бил повикан да биде член на локална изборна комисија на гласачко место во Мадрид.

Шпанската изборна комисија одредува соодветен број на граѓани кои ќе извршуваат контролна функција на изборите, а за тоа добиваат дневница од 65 евра, па Марсело се нашол меѓу оние кои треба да се појават на гласачко место во шпанската престолнина.

Изборите се на 4. мај, а натпреварот меѓу Челси и Реал е закажан на 5. мај, што значи дека Марсело нема да може да отпатува со своите соиграчи во Англија. Патувањето на денот на натпреварот пак е комплицирано поради ковид протоколите.

Реал Мадрид веќе се жалел до Изборната комисија, која ја одбила жалбата, но сега се обидува преку своите адвокати да најде начин како да го ослободи Бразилецот со шпански пасош од невообичаената обврска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни