Поврзете се со нас

Англија

Маркус Рашфорд откри од кој менаџер добиле совети за изнудување повеќе пенали на натпреварите

Објавено

на

Манчестер Јунајтед во јавноста важи за тим кој добива најмногу пенали од судиите во Премиер лигата.

Сега откако се воведе ВАР системот е јасно дека грото од нив се досудени правилно и дека не постои никаква судиска игра зад добивањето пенали за „црвените ѓаволи“.

Еден од најдобрите играчи на клубот, Маркус Рашфорд во своето ексклузивно интервју за англиските медиуми откри од кој тренер добиле совети да бидат поодлучни во намерата кога ќе бидат во шеснаесетникот.

Жозе Мурињо бил стратегот кој на Рашфорд му дал совети подобро да се снаоѓа при можност неговиот тим да избори пенал, нешто што играчите на Јунајтед очигледно сега го користат во пракса.

– Имаше период кога не добивавме пенали. Се сеќавам кога Жозе беше менаџер, имаше пет или шест случаи каде што можевме да добиеме пенал и тој ми рече: „Ако не си помудар во начинот на кој го правиш тоа, нема да добиеш пенал“.

– После тоа почнавме да добиваме некои пенали.  Тоа е нешто што треба да го научиш и разбереш. Кога трчате напред или ќе дриблате со топка, а гледате дека доаѓа некој кој ќе ве предизвика, не сакате да ви направи старт затоа што барате прилика за постигнување гол.

– Ние само сакаме да постигнеме голови, а тимовите против нас сакаат да се одбранат за да не им дадеме гол, па така се случуваат пеналите, -изјави Рашфорд.

Инаку пред извесен период Јирген Клоп ги критикуваше судиите затоа што Манчестер Јунајтед има добиено многу повеќе пенали од нив, а во една прилика и самиот Мурињо упати провокативна порака до Бруно Фернандеш алудирајќи на тоа дека неговите голови се постигнати само од пенали.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни