Поврзете се со нас

Италија

Манчини го засили стручниот штаб со Де Роси

Објавено

на

Даниеле Де Роси денеска бил промовиран како нов член на стручниот штаб на италијанската фудбалска репрезентација.

Поранешниот капитен на Рома ја заврши фудбалската кариера кратко откако направи интересен трансфер во Бока Јуниорс, а не криеше дека има амбиции да биде тренер.

37-годишниот Де Роси сега ќе му биде помошник на италијанскиот селектор Роберто Манчини, што значи дека ќе собира искуство со националниот тим, вклучувајќи го и настапот на Европското првенство.

– Горд сум што ја започнувам новата кариера во националниот тим.

– Им благодарам на претседателот Гравина и Манчини за довербата и дадената можност. Пристигнувањето во Коверчано за мене е како враќање дома, – изјавил Де Роси.

Како фудбалер, Де Роси забележа 117 настапи за италијанската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни