Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед во преговори за фудбалер на Јувентус

Објавено

на

Ерик тен Хаг има потреба од засилувања за средниот ред, а Манчестер Јунајтед веќе нема време да го чека Френки де Јонг, кој досега одбиваше да се пресели на „Олд Трафорд“.

Затоа, премиерлигашот го свртел фокусот кон Адриен Рабио од Јувентус и веќе се започнати преговори за трансфер на Французинот.

Ова е ексклузивна информација на вообичаено добро информираниот портал „Атлетик“, чиј новинар Дејвид Орнстајн тврди дека Рабио може експресно да се пресели во Манчестер.

Јувентус нема ништо против продажбата, бидејќи Рабио има уште една година од договорот, а никогаш не успеа да создаде впечаток на незаменлив играч од средниот ред за „бјанконерите“.

Рабио одигра дваесетина минути на вчерашниот контролен дуел со Атлетико, а судирот со главите со соиграчот Бремер му донесе шест конци на главата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни