Поврзете се со нас

Свет

Манасков и Веспрем триумфираа во финалето на унгарскиот куп

Објавено

на

Веспрем го доби големото унгарско дерби со Пик Сегед (28:26), во финалето на националниот ракометен куп, по што Дејан Манасков и неговите соиграчи освоија нов трофеј во домашните натпреварувања.

Двете најдобри екипи очекувано се сретнаа во дуелот за трофеј, а Веспрем го доби првиот дел со 14:12, по што истата предност ја задржа до крајот на средбата и по 28. пат стигна до куп титулата.

Манасков постигнал 2 гола во дресот на Веспрем, за кого најефикасни биле Јахија со 6, односно Ненадиќ и Мораеш со по 5 погодоци.

Радивојевиќ со 6 голови бил најефикасен во редовите на Пик Сегед, но неговиот тим постојано беше во негатива и не успеа да се приближи до израмнување во дуелот со Веспрем.

Веспрем до финалето стигна по убедливата победа над Балатонфуреди, екипата која во битката за третото место славеше дури на пенали.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни