Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Манасков и Веспрем ја освоија Украина

Објавено

на

Составот на Веспрем оствари уште еден триумф во Лигата на шампионите, па сега има „три од три“ во групата Б од елитното натпреварување.

Најнова жртва на списокот на унгарскиот гигант е екипата на Мотор Запорожје која му пружа силен силен отпор на фаворитот, ама на крајот мораше да му честита на победата од 37-34. Домаќините го добија првиот дел со 18-17, потоа во второто полувреме во неколку наврати имаа и плус два, меѓутоа потоа дојде до израз квалитетот на гостите кои притиснаа, се изборија за пресврт и докрај не го испуштија стекнатото водство.

Ненадиќ со 10 погодоци беше најдобар играч кај победникот за кого нашиот Дејан Манасков имаше скромен учинок со еден постигнат гол.

Наредната четврта рунда за Деки и компанија носи средба против словенечки Целје.

Во втората средба од 18:45 часот, Мешков Брест го шокираше ПСЖ на Раул Гонзалес (32-31).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни