Поврзете се со нас

Европски купови

Македонија падна две места на ранг листата на ЕХФ (ФОТО)

Објавено

на

Македонија или поточно македонскиот машки клупски ракомет падна две места на најновата ранг-листа на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Поради послабите резултати на нашите клубови во Европа ние од третата се лизнавме не петтата позиција, односно пред нас излегоа Шпанија и Унгарија. Меѓутоа и покрај ваквиот епилог ние останува со четири клубови во Европа за сезоната 2021/2022, поточно добиваме едно место во Лигата на шампионите и три во новоформираната Лига Европа.

Ранкингот за натпреварувачката 2021/2022 година е направен врз основа на резултатите во претходните три кампања 2017/2018, 2018/2019 и 2019/2020 со тоа што поени ќе се впишат и по одигрувањето на завршниот фајналфор турнир кој е закажан за во месец декември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни