Репрезентација
Македонија на 29 јануари ќе го дознае ривалот за баражот за СП

Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство и тоа со три порази во првата фаза со што го освоивме 22. место на овој 15. континентален собир на најдобрите селекции.
Овој резулат значеше дека ќе имаме потежок пат за пласман на следниот голем настан, Светското првенство во 2023 година кое се игра во Полска и Шведска.
Ние ќе мораме да минеме две пречки за да дојдаме до мундијалот, првата е веќе во март каде ќе мораме да се соочиме со една од овие репрезентации Швајцарија, Романија, Грција, Белгија, Финска, Естонија, Израел, Фарски Острови и Италија.
Ривалот ќе го дознаеме на 29 јануари на ждрепката која од 13:30 часот ќе се одржи во Будимпешта.
Ако успешно ја минеме оваа фаза, тогаш пред нас е јунската рунда која ќе биде далеку пожестока и во која ќе ја имаме улогата на неносители.
Засега како потенцијални ривали ги имаме Србија, Чешка, Унгарија, додека останатите шест ќе бидат од следните национални состави: Исланд, Русија, Црна Гора, Хрватска, Норвешка, Франција, Холандија, Шпанија и Германија.
Директен пламан на СП освен домаќините Шведска и Полска и бранителот на пехарот Данска.
-
Англијапред 21 час
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Македонијапред 14 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Германијапред 19 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Македонијапред 12 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Шпанијапред 17 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Шпанијапред 22 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 20 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 14 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!