Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија ќе добие нов селектор, Брестовац и РФМ ја завршија соработката

Објавено

на

Ракометната репрезентација на Македонија ќе добие нов селектор откако од РФМ се одлучија да ја прекинат соработката со досегашниот предводник на сениорите, Данило Брестовац.

Брестовац ја водеше нашата селекција на Светското првенство во Египет во кое оставивме лош впечаток забележувајќи само една победа против аутсајдерот Чиле и претрпувајќи високи порази на сите преостанати натпревари.

– Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори.

Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година, -стои во соопштението на РФМ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни