Поврзете се со нас

Италија

Лукаку првпат се отвори за разочарувањето во финалето на Лига Европа

Објавено

на

Интер не успеа да слави во финалето на Лига Европа, каде загуби од Севилја со 3:2, а Ромелу Лукаку беше еден од најразочараните поради фактот што постигна и автогол на оваа средба.

Белгискиот репрезентативец неколку недели подоцна открива дека многу тешко го доживеал овој пораз и со денови не комуницирал со никого.

– Тоа беше многу тежок момент за мене, четири денови не зборував со никого.

– Сепак, еден ден се разбудив и сфатив дека ваквите порази те прават посилен и те учат како да победиш следниот пат.

Лукаку испрати први комплименти и за својот нов соиграч, Артуро Видал.

– Тој е навистина одличен фудбалер, не можеш да освојуваш трофеи со повеќе клубови, ако не си на највисоко ниво, – вели Лукаку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни