Поврзете се со нас

Германија

Луда ситуација од Германија: Голманот на Ханза за малку ќе примеше гол со дупната топка (Видео)

Објавено

на

За разликата од првата гермнска Бундеслигата, во втората која го носи истото име веќе започнаа фудаблските возбудувања, а второто коло ни понуди една урнебесна сцена каква ретко се гледа на терените.

Натпреварот меѓу Хановер и Ханза заврши со победа од 0:3 за гостинскиот тим, но подобрите ривали од Рошток имаа и малку среќа додека на семафорот стоеше почетниот резултат.

Во воведната третина од средбата, резултатот беше се уште 0:0 и домаќинот Хановер имаше повремена иницијатива, но по еден испратен шут, топката доби крајно неправилен лет и го збуни голманот.

Топката се дупна откако удри во копачката од еден од дефанзивците, па голманот Колке за малку ќе примеше еден од најкомичните голови во последно време.

Чуварот на мрежата на Ханза некако успеа да ја исконтролира цела ситуација, но тоа не спречи да видиме искрени насмевки меѓу актерите и присутните фанови на трибините.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни