Поврзете се со нас

Франција

Лоша ноќ за ПСЖ, загуби од Лион, а веројатно го загуби и Нејмар на подолг период (Видео)

Објавено

на

Се уште актуелниот француски шампион, ПСЖ доживеа нов пораз во домашниот шампионат откако на домашен терен со минимални 1:0 загуби од Лион.

Избраниците на Томас Тухел одиграа уште еден катастрофален натпревар во кој ниту еднаш не се заканија посериозно кон голот на Лион и на крајот сосема заслужено претрпеа пораз, четврт за нив оваа сезона.

ПСЖ игра неочекувано лошо и тренерската позиција на Томас Тухел во клубот во овој момент е доста раздрмана.

Единствениот гол на средбата падна во првиот дел од натпреварот, во 35. минута  кога Кадевере го совлада Хесус Навас.

Дополнителен проблем за ПСЖ е и незгодната повреда која ја заработи Нејмар во 96. минута од натпреварот. Врз него крвнички стартуваше Тијаго Мендеш кој по овој старт сосема заслужено доби црвен картон.

Повредата на бразилскиот офанзивец од ПСЖ не изгледаше воопшто наивна, а во текот на утрешниот ден ќе се знае повеќе за тежината на истата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни