Поврзете се со нас

Европски првенства

Летонија подобро се снајде во продолжението, македонските кадети ќе се борат за 11. место

Објавено

на

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација загуби од Летонија (83:77) на Европското првенство во Скопје и ќе се бори за 11. место на овој престижен турнир.

Нашите кадети играа продолжение против амбициозните Летонци, откако не ја искористија предноста од шест поени, која ја имаа на почетокот на последниот период.

Противникот се врати во игра топејќи ја таа негатива и избори дополнителни минути, а во нив Летонија беше подобра со 18:12, обезбедувајќи си подобар пласман на ова ЕП.

Величковски со 25 и Луканоски со 15 поени беа најефикасни во македонскиот состав, додека кај Летонија, Петерсонс го заврши дуелот со 18 поени.

Македонските кадети утре ќе играат за 11. место и тоа против поразениот од дуелот меѓу Црна Гора и Полска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни