Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс ангажираше уште едно познато име пред стартот на новата сезона

Објавено

на

Екипата на Лос Анџелес се подготвува за првиот меч против Голден Стејт Вориорс во новата сезона во НБА лигата, но пред самиот почеток „езерџиите“ се решија да донесат уште едно засилување со кое комплетно го пополнија ростерот за кампањата 2021/2022.

Се работи за уште еден повратник во таборот на Лејкерс-тоа е 30 годиниот Ејвори Бредли кој пред само неколку дена беше „избришан“ од Голден Стејт. Ова го искористи клубот од Лос Анџелес и го врати Бредли во старата средина во која во натпреварувачката 2019-20 имаше учинок од 8,6 поени, 2,3 скокови, 1,3 асистенции на 49 натпревари.

Бредли важи за одличен дефанзивен играч и дефинитивно може да биде од значајна помош за Лејкерс кој има највисока цел, а тоа е да ја врати титулата во „Стејплс Центарот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни