Поврзете се со нас

Свет

Легендарниот Роналдо го посочи играчот кој е сличен на него: Има луди квалитети, сличен е како мене

Објавено

на

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Луис Назарио Де Лима Роналдо во своето последно интервју го посочи играчот кој поседува слични квалитети како неговите.

Станува збор за ѕвездата во надоаѓање и играч на ПСЖ, Килијан Мбапе кој веќе се вбројува меѓу најдобрите светски фудбалери во моментов.

„Ел Феномено“ беше познат по неговите неверојатни вештини и големата брзина, а тој верува дека и Мбапе ги поседува истите квалитети.

– Тој има слични квалитети како мене. Поседува луд квалитет, неверојатна техника и знае како да ја искористи брзината на мал простор.

– Оди директно на одбранбените фудбалери, ги прескокнува голманите.  Иако е премногу млад веќе помина долг пат. Ми се допаѓа Мбапе, навивам за него, -потенцирашње Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни