Поврзете се со нас

Македонија

Лечиќ има идеја како да се заврши оваа сезона: Титулата се заработува на терен, ако се отвори можност…

Објавено

на

егендата на македонската кошарка, Лазар Лечиќ даде свој коментар за последните случувања во нашата кошарка во однос на тоа како треба да се заокружи оваа кампања која веќе одреден период е прекината, суспендирана поради коронавирусот.

МЗТ Скопје смета дека по римерот на многу земји треба да биде прогласен за шампион затоа што е на првото место на табелата, додека други меѓу кои и федерација смета дека оваа кампања треба да се заврши без првак, без да биде доделена титулата.

–Ова е навистина еден чувствителен момент во кој многу повеќе внимание мора да обрнеме на здравјето, на безбедноста, иако не смееме да ги заборавиме оние секојдневни активности. А кога сум јас во прашање нели, пред се, кошаркарските“- вели Лечиќ. „Слушам, гледам полемики околу тоа дали треба да се прогласи шампион, или пак сезоната да биде поништена. И сум навистина разочаран како сето тоа е прикажано во јавноста. Наместо да зборуваме за работи со кои треба да одиме напред, ние го правиме спротивното. Лично сметам, и се чудам, зошто раководството на МЗТ Скопје, упорно инсистира да им биде доделена шампионската титула? Што ќе добијат со едно такво, службено прогласување за шампиони? Дали е тоа задоволување на нечии интереси, пред се навивачките, би рекол. Навистина и не гледам друг интерес, освен за да се каже дека биле најдобри во сезоната во која не одиграле ни половина од предвидените натпревари, а оние кои ги добиле ги реализирале со голем број на странски кошаркари. Кому му е потребна титула ‘освоена’ на зелена маса? -истакна Лечиќ кој даде и едно решение за тоа како да се заврши натпреварувачката 2019/2020 под услов во следниот период да се создадат услови.

–Јас знам добро една работа. Титулата се заработува на теренот. А не со вакви кавги кои ги забележувам во последно време помеѓу кошаркарските субјекти. Тоа е решението, да се најде спортски начин за да дојдеме до најдобриот во сезоната. Сега има други проблеми за решавање. Но доколку се отвори и најмала можност, шампионот да се добие на терен. Некои мои размислувања се тоа да биде преку организирање на некој завршен дел, или турнир, кога ќе се стекнат безбедносни услови за тоа. На пример, четирите најдобри екипи да играат во еден град. На едно место, на пример, во Маврово, кој нуди оптимални услови за реализација, пред се од здравствен и безбедносен аспект. Можеби на крај на август или пак во септември…, -порачува Лечиќ во интервјуто за официјалната страна на КФМ.

Популарниот „Грк“ има и некои идеи за она што би следувало по оваа голема пауза во спортот воопшто, пред се кошарката.

–Она што битно да се каже, а федерацијата да го прифати како такво, е дека не треба да има испаѓање од друштвото на најдобрите. Особено не во една ваква сложена ситуација во општеството, не сако кај нас, туку во целиот свет. Еве, токму МЗТ Скопје, неспорно, има најдобри услови за функционирање, за работење, наместо да го трошат времето за кавги со федерацијата, да пробаат да продолжат со концептот, работа со младите кошаркари, а не да мислат само за да задоволуват навивачки желби. Секако не само МЗТ, говорам за сите клубови кои имаат амбиции да одат напред. Оттука моја идеја би била за следната сезона федерацијата да го ограничи бројот на странски играчи на два. Да не дозволиме тренерите да ни (по) станат инвалиди, паразити, секако условно кажано. Да не ‘чекаат’ четири, пет или шест странски играчи, да прават резултат со нивна помош, а без онаа која треба да дојде од младите играчи. Помина тоа време… Кој ќе купи толку квалитетни странци кај нас во сезоната која доаѓа. Не верувам дека има многу такви клубови, подготвени за тоа. Треба да се размислува напред, а не да се расправа за титулата, за еден пехар. Да им се даде уште поголема шанса на младите. Оваа сезона МЗТ го почна тоа, тоа е за пофалба, така треба и да продолжат, да не се занимаваат со некои други работи. Крајниот збор, сепак, го има федерацијата- вели Лечиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни