Поврзете се со нас

Англија

Лебеф за играчот кој му е потребен на Челси: Со него ќе бидат шампиони

Објавено

на

Екипата на Челси важеше за еден од топ фаворитите за титулата во Премиер лигата пред почетокот на оваа сезона, но како што минува времето „сините“ се се подалеку од врвот и од тоа да му ја симнат круната на Манчестер Сити кој е на добар пат да го одбрани пехарот.

Клубот од Лондон има голем пад во играта и резултатите и веќе е на минус 12 во однос на „граѓаните“ со тоа што мора да се забележи дека четата на Томас Тухел има и еден меч повеќе од актуелниот лидер на табелата.

Секако има уште многу да се игра, ама навистина е потребно некое „чудо“ за да Челси комплетно ја промени ситуацијата и тоа многу добро го знае Франк Лебеф кој пет години го носеше дресот на тимот од „Стемфорд Бриџ“.

Французинот во тоа време освои некои трофеи во Англија и Европа, па запрашан за тоа што Челси треба да направи да го стигне Манчестер Сити и ја освои ПЛ, Лебеф издвои едно име кое премиерлигашот треба да го ангажира во летниот преоден рок.

-Килијан Мбапе. Дечкото е слободен следново лето и кога ќе ги видам играчите во нападот [во Челси], очигледно Мбапе би направил огромна разлика за нив, -порача Франк за „ЕСПН“

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни