Поврзете се со нас

Италија

Леао за чудниот гол со кој ја „скрши“ Џенова: Сакав да…(ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Милан иако важеше за голем фаворит мораше добро да се испоти за да ја мине осминафиналната пречка во Купот на Италија, составот на Џенова кого го совлада дури по продолженијата.

„Росонерите“ прво се изборија за дополнителни 30 минути со погодокот на Жиру за да потоа целосно го скршат отпорот на противникот со чудниот гол на Леао во 102 минута за да потоа точка стави Салемакерс во 112 минута.

Пандев доби 40 минути, Леао со чуден гол ја продолжи агонијата на Шевченко (Видео)

Токму за тој необичен, специфичен момент за 2-1 проговори Рафаел кој призна дека во таа ситуација сакал да нафрли и да го пронајде Жиру.

-Сакав да нафрлам, бидејќи имаме играч како Жиру кој е толку добар во воздух. Ако немам простор да шутирам, одам на центаршут и тоа таму го правев. Без разлика дали ќе почнам или ќе дојдам од клупата, секогаш се трудам да дадам свој придонес за тимот. Среќен сум што успеав да постигнам гол и го добивме денешниот натпревар, -порача Португалецот кој воедно порача дека е среќен во Милан.

-Среќен сум во Милан, ова е голем клуб и го сакам градот. Ајде да видиме, се уште е рано, -истакна Леон во однос на продолжувањето на соработката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни