Поврзете се со нас

Италија

Пандев доби 40 минути, Леао со чуден гол ја продолжи агонијата на Шевченко (Видео)

Објавено

на

Андриј Шевеченко се врати вечерва на „Сан Сиро“ во улога на тренер, но тоа може да се покаже како еден од последните негови денови како предводник на Џенова, бидејќи тимот влезе во сериозна агонија со него како лидер и раководството на клубот веќе бара негова замена.

Шева допатува во Милано со само еден триумф на првите десет меча како тренер на Џенова (оној во Купот над Салернитана), но останува на оваа бројка откако во 11-от меч претрпе нов пораз.

Џенова поведе во осминафиналето на Купот со голот на Остигард, но Милан успеа да направи пресврт и да ја оправда фаворитската улога, иако тоа го направи на потешкиот начин.

Оливие Жиру израмни на 1:1 со фантастичен удар со глава во 74-та минута, а бидејќи резултатот не се менуваше до 97-та минута, натпреварот отиде во продолженија.

Горан Пандев влезе во игра во 87-та минута и одигра вкупно 40 минути, во кои Милан постигна уште два гола за потврда на пласманот во четвртфиналето.

Леао со многу среќа постигна чуден гол во ситуација кога сакаше да нафрли за 2:1, додека Салемакерс ги постави конечните 3:1 во 112-та минута и ја продлабочи агонијата на Шевченко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни