Поврзете се со нас

Италија

Леао ги посрамоти Бастони и Де Фрај, навивачите на Интер бесни на стоперите (Видео)

Објавено

на

Рафаел Леао беше нерешлива енига за одбраната на Интер во текот на целиот меч, но посебно ги посрамоти ривалите од противничкит табор при голот за 3:1.

Крилниот напаѓач на Милан ја демонстрираше сета своја умешност на мал простор, но го презентираше и дефектот во срцето на одбраната на Интер, која делува многу порозно на почетокот на новата сезона.

Леао постигна гол покрај трите стопери на Интер, но ако Шкриниар може да се исклучи од одговорност, она што го направија Де Фрај и Бастони е едноставно недопустливо за највисоко ниво.

Двајцата беа ужасно поставени и му дозволија на Леао лесно да ги заобиколи, а потрагично беше тоа што одеа, наместо да трчаат по голгетерот на Милан.

Ваквиот нивни однос ги разбесни тифозите на Интер, кои со голема неверица го објавуваат видеото од примениот гол на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни