Поврзете се со нас

Франција

„Ле Паризиен“: Односот на Мбапе и Нејмар никогаш не бил полош

Објавено

на

Кавгата меѓу Нејмар и Килијан Мбапе го засени триумфот на ПСЖ над Монпелје, а добро упатените новинари на „Ле Паризиен“ пренесуваат дека не се работи за наивен проблем.

Двете ѕвезди влегле во конфликт поради изведувањето пенали, а тој стигнал толку далеку што соиграчите морале да спречуваат физичка пресметка во соблекувалната.

Нејмар додаде масло во огнот откако „лајкнал“ постови на социјалните мрежи на кои фановите тврделе дека токму Бразилецот треба да има предност во изведувањето пенали.

Ситуацијата отишла толку далеку што Нејмар и Мбапе имале состанок со тренерот и клупското раководство и засега наводно конфликтот е решен.

„Ле Паризиен“ пренесува дека дури и искусниот Серхио Рамос бил загрижен, па зборувал со двајцата фудбалери за да ги смири по дуелот со Монпелје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни