Поврзете се со нас

Свет

Лазаров најдобар реализатор, Нант дозволи пресврт во второто полувреме

Објавено

на

Кирил Лазаров беше најдобар реализатор во редовите на Нант, но неговата екипа ја отвори новата сезона во француското првенство со пораз.

Нант загуби на гостувањето кај Сесон (29:27) на премиерата на новото издание на националниот шампионат, што сигурно не беше посакуван начин во екипата во која и сезонава ќе настапува македонскиот ракометен капитен и селектор.

Нант водеше на полувреме со 15:13, но дозволи пресврт во продолжението и на крајот остана со празни раце на ова гостување кај Сесон.

Лазаров го заврши натпреварот со 6 голови како најефикасен кај Нант заедно со Мин кој имал ист реализаторски ефект, додека во редовите на Сесон, идентичен учинок имал Молини.

На денешните натпревари од француското првенство, домаќините остварија четири победи, а единствената гостинска екипа која триумфираше е Шамбери и тоа во дуелот со Тулуз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни