Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта: Меси не е проблемот во Барселона, тој сака…

Објавено

на

Главниот фаворит за нов претседател на Барселона, Жоан Лапорта уште еднаш отворено проговори за иднината на Аргентинецот на „Камп Ноу“.

Договорот на Меси му завршува на крајот на актуелнава кампања и под голем знак прашалник дали тој ќе прифати продолжување на соработката со оглед на тоа што минатото лето јавно побара да си замине, меѓутоа со оглед на тоа што клубот не сакаше тоа да го прифати се одлучи да ја комплетира оваа сезона.

-Меси сака да победува Барселона. Ќе дадам се од себе за да го задржам, ама има некои клубови кои навистина се заинтересирани да го потпишат, -вели Лапорта кој смета дека финаниите не се проблем од проста причина што напаѓачот му носи голема заработка на шпанскиот гигант.

-Лео сака да освојува титули, не само да заработува пари. Тој не е „проблем“ за Барса, Меси е 30 проценти од профитот на клубот, -порача некогашниот прв човек на каталонците кој сега сака да добие нов мандат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни