Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта: Куман ќе остане на тренерската позиција во Барселона

Објавено

на

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, денес стави крај на шпекулациите поврзани со евентуалниот отказ на тренерот Роналд Куман.

Тие најавуваа отказ за Холанѓанецот по евентуален неуспех на дербито со Атлетико Мадрид, но раководството има поинаков план.

– Куман ќе остане на тренерската позиција во Барселона.

– Ќе ја има нашата доверба без разлика на денешниот резултат, тој е дел од историјата на Барселона, ќе ја добие потребната поддршка.

– Денеска имав разговор со него, му ги пренесов моите размислувања за актуелната ситуација. Тој исто така доживеа тешки моменти, но и натаму е мотивиран да ја извршува функцијата, – изјавил Лапорта.

Барселона вечерва му гостува на Атлетико Мадрид од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни