Поврзете се со нас

Светски првенства

Ландин за драмата со Египет: Мислев дека сме готови

Објавено

на

Никлас Ландин уште еднаш беше херој на данската ракометна репрезентација, која низ неверојатна драма стигна до полуфиналето на СП во Египет.

Ландин одбрани два седмерци во пенал рулетот и на тој начин спречи изненадување, иако Египет со прикажаната игра заслужи да оди во следната рунда.

По натпреварот, Ландин им открил на данските новинари дека во еден момент сметал дека Данска ќе го заврши настапот на мундијалот, затоа што неговите колеги никако не успеваа да постигнат гол во вторите дополнителни десет минути.

– Мислев дека сме елиминирани, но потоа добивме уште една шанса.

– Во второто продолжение не успеавме да постигнеме гол од игра, реализиравме дури од пенал.

– Сум играл и другпат продолженија, но ова беше нешто специјално. Потоа дојдоа и пеналите, а таква ситуација не се тренира, – изјавил Ландин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни