Поврзете се со нас

Светски првенства

Ландин полета на натпреварот со Јапонија и ја оствари најдобрата одбрана на Мундијалот (Видео)

Објавено

на

Никлас Ландин важи за еден од најдобрите, ако не и најдобар светски ракометен голман во овој момент.

Данскиот чувар на мрежата и на Светското првенство во Египет покажува дека станува збор за извонреден чувар на мрежата, а последната негова одбрана од натпреварот со Јапонија веднаш ги обиколи социјалните мрежи.

Данска беше во напад и играше без голман, а кога во офанзивата нешто не функционираше голманот на Јапонија се обиде од гол на гол да ја затресе празната мрежа. Сепак, од никаде се појави Ландин кој буквално полета и успеа да го скроти ударот на неговиот колега од спротивната страна.

Ова дефинитивно беше одбрана на колото, а со сигурност ќе влезе и во потесна конкуренција за одбрана на целиот шампионат. На крајот, Ландин средбата ја заврши со 12 интервенции зад своето име.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни