Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Куманово не доби „зелено светло“ од ЕХФ за настап во ЛШ

Објавено

на

Тимот на Куманово не доби зелено светло од Европската ракометна федерација за настап во Лигата на шампионите во наредната сезона.

Кумановски беа дел од 12 екипи кои побараа, аплицираа за настап во елитното натпреварување, но тие не беа од среќните добитниците кои дојдоа до „вајлд-карта“. Клубовите кои добија „ДА“ од ЕХФ беа ЧСМ Букурешт, ЦСКА Москва, ФТЦ, Битигхајм, Подравка, Крим и Брест Бретањ, додека пак Бањик Мост и Сторхамер ќе ја имаат улогата на замени во случај да некои од клубовите се откаже од настапот во ЛШ.

Ждрепката за групната фаза ќе се одржи на 1 јули во Виена.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни