Поврзете се со нас

Шпанија

Куман: Не очекувавме да се бориме за титулата, но сега знаеме што ни треба

Објавено

на

Барселона се подготвува за дербито со актуелниот Ла Лига лидер Атлетико Мадрид, а тренерот Роналд Куман знае дека неговата екипа мора да оди на победа која на крајот може да биде и клучна во борбата за титулата.

Холандскиот стручњак признава дека пред одреден период не наликувало дека Барса ќе се бори за титулата, но сега тоа е реална опција.

– Оваа сезона имавме добри моменти и падови, пред три месеци не очекувавме дека ќе се бориме за титулата.

– Не сметам дека утрешниот натпревар ќе го реши шампионот, но јасно е дека ќе биде многу важен по ова прашање.

– Ако победиме на последните четири натпревари ќе бидеме шампиони, ќе се обидеме да одиграме во свој стил и да победиме против екипа која има различен стил на игра, – изјавил Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни