Поврзете се со нас

Формула 1

Кубица се враќа во Формула 1 и ќе го менува Кими Раиконен кој закачил Ковид -19

Објавено

на

По три години пауза, полскиот ветеран Роберт Кубица повторно ќе вози една трка во Формула 1.

Искусниот Кубица ќе влзе во болидот на Алфа Ромео каде ќе го менува Кими Раиконен кој е позитивен на Ковид-19 и мораше да замине во изолација.

Финецот кој пред трката на Зандворт објави дека оваа сезона ќе биде негова последна во активното возење Формула 1 бил позитивен на последните рутински тестирања пред Гран-при викендот.

Кубица е еден од резервните возачи на Алфа Ромео и за него ова ќе биде прв старт на една трка од Гран при серијата по трката за големата награда на Абу Даби возена во 2019 година.

За полскиот пилот ова ќе биде 98 појавување на патеките во Формула 1, прво во болидот на Алфа Ромео.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни