Поврзете се со нас

Репрезентација

Крстевски: Ги знаеме противниците, имаме состав кој може да донесе добар резултат

Објавено

на

Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за претквалификацискиот турнир во Скопје во кој силите ќе ги одмериме со Словачка и Швајцарија.

Турнирот ќе се игра од 12. до 18.август, а нашата цел е секако успех во овие претквалификации за Светското првенство. Нашиот состав е изменет, фалат неколку важни играчи, па во нивно отсуство посериозна улога би требало да има Бојан Крстевски.

Членот на МЗТ Скопје е позитивно расположен и е оптимист во врска со претстојниот циклус.

-Лесно сигурно нема да биде, никогаш ништо не е лесно. Сепак, имаме четири недели за подготовки, ќе одиме и во Маврово. Ова е комбиниран состав, имаме неколку млади кошаркари, неколку повозрасни и сметам дека ваквата комбинација може да донесе добар резултат во овие претквалификации, -вели Бојан и додава:

-Ги знаеме противниците, игравме со нив во едни претквалификации, но сега нашиот состав е доста изменет. И покрај тоа, имаме квалитет да освоивме едно од првите две места и да продолжиме во квалификациите, -заклучи Крстевски кој ги покрива позициите четири и пет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни