Поврзете се со нас

Македонија

Кожув конечно ја оствари првата победа

Објавено

на

Кожув ја оствари првата победа во актуелната сезона на првата кошаркарска лига и тоа на гостувањето кај Црн Дрим Грин мобиле во Струга (58:76).

Гостите од Гевгелија го добија првиот период со плус пет, но Црн Дрим ја намали негативата до првиот дел кој заврши со резултат 34:36.

Сепак, Кожув го засили темпото во третата четвртина која ја заврши со највисоката предност дотогаш од петнаесет поени. Тоа беше преголема негатива за стружани, па на крајот гостинската екипа забележа рутинска победа.

Караџовски со 25 и Божинов со 14 поени биле најрасположени реализатори кај победничката екипа, додека во редовите на Црн Дрим, Марсело постигнал 13 поени.

Кожув досега одигра само пет натпревари и има една победа, а Црн Дрим Грин мобиле останува исто така на една победа, но од девет одиграни средби во првенството.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни