Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарите на прв тренинг во „Саку Сурхал“ во Талин

Објавено

на

Кошаркарската репрезентација на Македонија го одработи првиот тренинг во Талин во Саку Сурхал“ Арената во која на 28 и 30 ноември ќе ги одмериме силите со Италија и Естонија во рамките на квалификациите за Европското првенство.

Ова беше прв заеднички тренинг на екипата, поточно заедно со капитенот Војдан Стојановски и новото засилување Џејкоб Вајли кои подоцна му се приклучија на националниот тим поради клупски обврски. На тренингот освен репрезентативците, стручниот штаб присутни беа претседателот Перо Антиќ и генералниот секретар на нашата федерација Владимир Георгиевски, но и турскиот стручњак за физичка подготовка Ерен Хангун.

Хангун во наредните денови ќе биде заедно со репрезентацијата и ќе ја одржува кондицијата на играчите пред важните битки со Италијанците и Естонците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни