Поврзете се со нас

Репрезентација

КОМЕНТАР: Македонија на светско и „Излези момче на торта кај плоштад“

Објавено

на

Ветувањето на Елиф Елмас дека ќе прави торта на плоштадот во Скопје доколку се пласираме на Мундијалот во Катар е нешто што би сакал да го видам во својот живот. Често знаеме да ја употребуваме фразата со „шлаг на торта“, како метафора за дополнување на нешто што ионака е веќе убаво, па самиот чин би бил перфектен за ваквото сценарио.

Не сакав да го почнам овој коментар со оној професионален скептизицам што мораме да го негуваме во новинарската професија („прво скокни па речи оп“), бидејќи победа над Италија е нешто што треба да се прослави!

Не смее да се заборави дека Македонија отиде на ЕП, но од тогаш наваму „многу вода протече“ низ Вардар: смена на селекторот, пензионирање на Пандев, многу политика која е неизбежна во секоја пора од нашето битисување и што уште не! Ваквиот успех не враќа во живот и покажува дека се она што се случило претходно, не било случајно. А се случија многу нешта, пред се пласманот на Европското младинско првенство во Полска во 2017 година со Боби Милевски на чело на младата чето во која беа Барди, Елмас, Николов, Бабунски, Велковски… Беа извлечени поуки од настапите на У21 селекцијата, но и од игрите прикажани на „А“ репрезентацијата во Романија. Синоќа, не само што фалеше „кумот“ Пандев, недостигаше и Елмас, но успехот беше постигнат.

Континуитетот е добра работа кога се однесува на убави нешта, како победите. Боби Милевски одлично ја познава оваа нова генерација и на најдобар можен начин возврати за довербата која му беше дадена по заминувањето на Игор Ангеловски. Неговата смирена природа, надополнета со аналитичноста и познавањата, го прават вистински лидер на оваа репрезентација. Оттука, верувам дека неговата анализа на следниот противник Португалија ќе биде подеднакво издржана, а фудбалерите на крилјата од овој успех, мотивирани за нова сензација и пласман во Катар.

Радувај се Македонијо! Да се биде на чекор од Мундијалот е голем успех за „некоја земја за која многумина не ни слушнале“ како што не ословија во италијанските медиуми. Нека има уште поводи за радост, како фудбалски, но да не ги заборавиме и другите: ракометарите одат во бараж со Чешка за пласман на СП, младиот картинг возач Петар Богатиновски на свои 12 години низ квалификации стигна до светско во Бахреин, а ги има уште многу од таеквондо до пливање! Нека грми од трибини …

Александар Табаковски

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни