Македонија
Богатиновски „грмеше“ на светското првенство во Бахреин

Македонскиот картинг возач Петар Богатиновски достојно ја претставуваше Македонија на светското првенство во картинг кое се одржа во Бахреин, а на кое тој се пласираше како шампион на Централно-европската зона на ФИА (ЦЕЗ), која е составена од 14 земји.
Откако отпатува за ова натпреварување, 12-годишниот Богатиновски во Манама мина низ неколку квалификациски трки, за конечно да влезе во финалето од 36 најдобри, поточно ја стартуваше трката од 32 место. Во нејзините 14 круга тој успеа да напредува фантастични 17 позиции и да заврши на 15 место, а откако некои негови ривали добија временски казни поради некоректно возење, Петар изби на 13 место, со 11 секунди задоцнување зад победникот Арата Ендо од Јапонија.
Според информациите од таборот на Богатиновски, ова е последна сезона во класата 125 Мини Макс, па од следната сезона Петар ќе атакува на нови успеси во повисоката старосна категорија.
-
Шпанијапред 24 часа
Сестрата на Роналдо се навреди од ироничната порака на Перез и дрско му одговори на Инстаграм (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Фабрегас се исповеда: Го погодив Фергусон со пица бидејќи ми беше страв да влезам во тепачката!
-
Германијапред 20 часа
Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)
-
Светпред 17 часа
Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда
-
Светпред 15 часа
Бабунски влезе од клупа и спаси бод за Дебрецен (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Вернер: ВАР ме уништи во Челси, поставив рекорд кој никој нема да го урне
-
Шпанијапред 15 часа
Барселона почна да ги регистрира засилувањата, засега виси само еден нов играч на Чави
-
Англијапред 20 часа
Играч на Челси заспа додека добиваше третман, Жоржињо го разбуди со шлаканица (Видео)