Поврзете се со нас

Лига Европа

Комбуаре: Ова е можност да влеземе во историјата, Јувентус ќе биде понижен ако загуби од нас

Објавено

на

Нант иако беше во подредена улога успеа да оствари позитивен резултат на првиот меч против Јувентус во Лига Европа, па затоа сега во реваншот гледа шанса за големо изненадување и елиминација на италијанскиот великан.

Ремито 1-1 дефинитивно ја зголеми самодовербата во таборот на францускиот прволигаш кој понатаму му ја препушта фаворитската улога на Јувентус, а тренерот Антоан Комбуаре даде и една интересна изјава со која само дополнително гоо префрли притисокот кон гостинскиот тим.

-Веќе постигнавме многу со ремито во Торино, сега сакаме уште едно изненадување и да одиме понатаму. Се уште имаме само 20 проценти за пласман во наредната фаза, ама ќе дадеме се од себе. Јуве е фаворит со тренер како Алегри кој е еден од најдобрите во светот и е навикнат на вакви натпревари.

-Нант нема што да изгуби, додека елиминацијата за нив би била понижувачка. Ова е нашата можност да станеме дел од легендите на овој клуб. Минатата сезона успеавме луди работи како победите против ПСЖ, Монако и освојување на Купот на Франција, -рече Комбуаре.

Јувентус без Киеза и Погба ќе брка осминафинале во ЛЕ (ФОТО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни