Поврзете се со нас

Лига Европа

Јувентус без Киеза и Погба ќе брка осминафинале во ЛЕ (ФОТО)

Објавено

на

foto: https://twitter.com/juventusfcen

Јувентус не успеа да оствари предност на првата средба против Нант (1-1) во Лига Европа, па ќе мора на гостински терен да го оправда статусот на фаворит ако сака да продолжи да биде активен во ова натпреварување.

Калчолигашот ќе мора да го сруши францускиот прволигаш без услугите на Федерико Киеза кој не се најде на списокот на патници, а го нема ниту Пол Погба кој ќе мора да почека некоја друга прилика за деби во Јувентус.

Од претходно се отпишани Аркадиуш Милик и Фабио Морети што доволно говори дека тренерот Алегри ќе ги нема сите ресурси на располагање, но и без овие играчи „старата дама“ важи за апсолутен фаворит за пласман во осминафиналето. Средбата се игра утре од 18:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни