Поврзете се со нас

Франција

Кога Рамос ќе облече нов дрес и ќе сфати дека повеќе не е во Реал (ВИДЕО)

Објавено

на

Серхио Рамос по скоро две децении си замина од Реал Мадрид и се пресели во таборот на францускиот вицешампион Пари Сен Жермен.

Ова за големиот борец и лидер е прво искуство надвор од Шпанија, па останува да видиме како ќе се снајде во истото и дали веќе конечно повредите се зад него и ќе може цврсто, моќно во негов стил да ги одработи задачите и предизвиците.

Меѓутоа Реал дефинитивно ќе му фали на Рамос, клуб во кој освои многу трофеи, клуб во кој беше капитен, па така на промоцијата кај „светците“ во еден момент ја побара капитенската лента на неговата рака.

Се разбира тоа е навика, но и без лентата на раката шпанскиот ас и тоа како ќе има што да каже во ПСЖ, да биде еден од главните на теренот и во соблекувалната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни