Поврзете се со нас

Одбојка

Клубовите се согласија со предлогот на ОФМ, на потег е Извршниот одбор

Објавено

на

Клубовите дадоа зелено светло и го подржаа предлогот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) за прогласување на крај на оваа натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите категории без притоа да има прогласување на шампиони.

Денеска бил одржан заеднички состанок и сите едногласно се согласиле дека не постојат услови оваа кампања да се доигра во арените. Поради ова резултатите од постигнатите натпревари во оваа сезона ќе бидат земени предвид и врз основа на нив ќе биде натправена ранг-листа за евентуален настап на нашите екипи во европските купови.

Сега на потег е Извршниот одбор на ОФМ кој според статусот има право да решава за промена на системот на натпревари и да носи одлуки во вакви вонредни околности.

Кога е во прашање табелата, да потсетиме дека екипите на Вардар беа водечки како во машка така и во женска конкуренција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни